
АМЕРИКАНСКИ „НАПАД“ на Бугарија, колку се истоварија
Околу 150 американски војници и воена опрема пристигнаа во Бугарија со цел да го зајакнат јужното крило на НАТО, соопшти бугарското Министерство за одбрана.
Американските војници и оклопни возила преминаа од Романија во Бугарија, а ќе учествуваат и во обуката насочена кон зајакнување на компатибилноста на војниците, се наведува во соопштението на Министерството во Софија.
Според договорот на НАТО со сојузникот Бугарија, САД можат да задржат до 2.500 американски војници во неколку заеднички бази во таа земја.
На тоа жестоко се противеше министерот за одбрана Стефан Јанев, особено на тоа американската војска да биде стационирана во воената база Ново Село во источна Бугарија, но тој беше сменет од министер.
Сега во Бугарија е тивко, а американската инвазија започна. За кратко, Бугарија ќе биде претворена во црноморска тврдина на НАТО.