ОПАСНА ИЗЈАВА: Македонија е дирекно засегната!

Свет

САД сметаат дека помеѓу низа европски земји, токму Македонија се наоѓаат на „линијата на огнот“ во односите меѓу Вашингтон и Москва. Тоа е изјава на поранешниот американскиот државен секретар Џон Кери, одговарајќи на прашања на сенаторите за растечкото влијание на Русија во Европа.

„Кога станува збор за Македонија и западен Балкан и црноморските држави Грузија и Молдавија – тие се на „линијата на огнот“, рекол Кери.

„Ние се обидуваме да ги убедиме луѓето дека не се бориме да ја поразиме Русија“, додаде тој.

„Веруваме дека Украина може да стане капија меѓу Истокот и Западот“, рекол Кери.

Само неколку дена пред да се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров, поранешниот американскиот државен секретар ја обвинил Москва дека „во лице“ го лаже за нејзината улога во украинскиот конфликт.

Иако дипломатот одбил јавно да каже дали се залага за снабдување на украинските војници со оружје, кога сенаторите го прашале дали Русија лаже кога негира дека имало руски војници и оружје во Украина, Кери одговорил со дефинитивно „да“.