СРАМОТА: Кина која произведе корона, ги обвинува САД за вируси во Украина

Свет

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ги повика Соединетите држави да објават сеопфатни детали за нивните биолошки лаборатории во Украина и ги повика да ја осигураат нивната безбедност.

Неодамнешните медиумски извештаи велат дека тие биолошки лаборатории складираат големи количини на опасни вируси, а Русија во текот на воените операции открила дека САД ги користат тие капацитети за биолошки воени програми, пишува новинската агенција Xinhua.

Портпаролот Жао Лиџијан, без трошка срам за короната, на дневен брифинг со новинарите изјави дека за здравјето и безбедноста на луѓето во Украина, околните области и целиот свет, сите засегнати страни треба да ја осигураат безбедноста на тие лаборатории.

„Конкретно, Соединетите Држави, како страна која најдобро ги познава лабораториите, треба што е можно поскоро да објават релевантни конкретни информации, вклучително и какви вируси се складирани и истражувањето што е спроведено“, рече Жао.

Био-воените активности на САД во Украина се само „врвот на ледениот брег“, рече Жао. Под различни имиња, Министерството за одбрана на САД контролира 336 биолошки лаборатории во 30 земји.

„Која е вистинската намера на Соединетите Држави? Што точно е направено? Ваквите работи отсекогаш биле извор на сомневања за меѓународната заедница“, рече Жао, мислејќи дека ние сме риби со помнење од 12 секунди, па така лесно заборавивме кој на светот „ни ја подари“ короната.

Згора на тоа, само Соединетите Држави веќе 20 години го блокираа градењето на протоколот за верификација на Конвенцијата за биолошко оружје и одбиваа да прифатат инспекции на биолошки капацитети во и надвор од нејзините граници, што дополнително ја влошува загриженоста на меѓународната заедница, изјави портпаролот, пренесува Хinhua.

„Уште еднаш ја повикуваме американската страна целосно да ги разјасни своите биолошки воени активности и дома и во странство и да прифати мултилатерални проверки“, рече Жао.