НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ ТЕНК, здив да ти сопре

Технологија

Секоја година гледаме се повеќе и повеќе феноменални воени возила кои се произведуваат од водечките светски суперсили. Иако реално за нивното постоење би можеле да дознаеме долго откако ќе бидат дизајнирани или распоредени во армиите.

Бидејќи многу од овие проекти се строго чувани тајни, многу тешко се доаѓа до вистински информации, особено за нивните перфоманси и употребни достигнувања. Од нашиот избор за денес, ќе ве запознаеме со дел од воената техника произведена од BAE Systems Aadaptiv Technology.

Новиот супер тенк, произведен од BAE Systems AB, има најнапредно ниво на активна камуфлажа инсталирана во системот Adaptiv. Тоа е чудо од технологијата, работи по принцип на „камелеон“, зависно од каков терен се движи, таа боја ја добива. Дополнително, го спречува откривањето од непријателот, особено од технологијата за ноќно гледање, инфрацрвена детекција.

Таа мрежа од шестоаголни плочи е способна да се прилагоди на сите услови, плочите брзо горат и замрзнуваат, за да ја создадат потребната слика на операторот, на пример, околната шума или цивилно возило.

BAE Systems ја лансираше инфрацрвената воена технологија за камуфлажа Adaptiv во 2011 година, споредувајќи ја со „термички ТВ екран“.

Со околу 1000 хексагонални парчиња, што ги обложуваат страните на возилата со метална облога, како што се лични носачи и тенкови, се постигнува нивна целосна неприметливост и заштита од непријателите.