(Видеа) МЕЧКАТА заигра и во наш двор, БОСНА под опсада

Балкан

Состојбата во Украина и агресивните изјави на српските лидери од регионот, запалија црвено светло во Босна. Военото засилување на ЕУФОР продолжува да пристигнува последнте денови.

Како што се забележува на лице место, со камиони се внесуваат американски возила Хамви. Станува збор за повеќенаменско возило кое може да се движи на различни терени. Според ЕУФОР, пристигнатиот персонал на ЕУФОР во моментов се подготвува за засилени оперативни патроли за поддршка на нивните БиХ партнери.

Потсетуваме дека минатата недела во Босна и Херцеговина пристигнаа 500 војници на ЕУФОР. Новите војници ќе бидат сместени во кампот Бутмир во близина на Сараево.

ЕУФОР претходно соопшти дека влошената безбедносна ситуација на меѓународно ниво потенцијално може да предизвика нестабилност и во Босна и Херцеговина и дека распоредувањето на овие сили е мерка на претпазливост. Распоредувањето на силите ќе трае до 8-ми март, а трупите на ЕУФОР ќе бидат распоредени во ризичните области во БиХ.

Сите овие активности се спроведуваат во согласност со Општиот рамковен договор за мир во БиХ.

 

Убаво рекле стари, штом мечката игра во дворот на соседот, ќе дојде и кај тебе. Ова е загрижувачко за целата безбедност на регионот, особено Косово и Македонија.