ВАЖНО: ЛУДАКОТ ПУТИН се заканува на Македонија и сојузниците

Европа

Путин и наредил на својата влада да подготви список на земји кои воведоа санкции против Русија, нејзините компании или кој било руски државјанин, јавува вечерва The Spectator Index. Следуваат санкции кон сите нив, но и закана дека се вмешани во воениот конфликт од страна на Русија, што значи и легитимна цел на руската армија, меѓу кои и Македонија.

Македонската влада се приклучи во санкциите на ЕУ кон Русија

Македонија се приклучи кон санкциите што вклучуваат повеќе мерки – од забрана за користење на воздушниот простор за руските авиони до серија економски санкции. Владата веднаш по започнувањето на руската инвазија реши земјата да се придружи кон новиот пакет рестриктивни мерки на ЕУ.

„Во оваа фаза таргетираните рестриктивни мерки на ЕУ, кон кои се придружува и нашата земја, опфаќаат таргетирани мерки за утврден број лица од политиката и бизнисот кои одиграле улога за настанатата ситуација во Украина и за нив се воведува забрана за патување низ земјите на ЕУ, како и забрана за пристап до финансиските фондови на Унијата“, информираа од владата.

Македонско-руска стопанска комора: Извозот кон Русија е мал, но штетите ќе бидат големи

Од Македонско-руската стопанска комора за ИРЛ посочуваат дека главната грижа е дека македонски производи, особено свежите раноградинарски, за кои сезоната допрва почнува, ќе почувствуваат посилни ефекти. Тука ги вбројуваат и домашното вино, производите од преработувачката индустрија, но и фармацевтските производи. Предупредуваат дека сме и целосно зависни од рускиот гас.

„Макпетрол“: Обезбедивме гас од „Газпром“, нема да има пречки

Сепак, домашните увозници на гас, пак, сметаат дека нема да се соочат со особен проблеми во набавка на енергентите Домашната компанија „Макпетрол“, која увезува природен гас од Русија, смета дека санкциите кон руската компанија „Газпром“ нема да влијаат врз снабдувањето со овој енергент, кој инаку го користат околу 60 фирми и институции, затоа што тие веќе ги обезбедиле количините гас.

„Нема никакви пречки во снабдувањето со природен гас. За сите наши потрошувачи, односно компании со кои имаме долгогодишна соработка, снабдувањето со гас се одвива непречено бидејќи уште минатата година ги обезбедивме потребните количини“, велат од „Макпетрол“ за ИРЛ.

Од Македонско-руската стопанска комора стравуваат од контрасанкции од Руската Федерација

„Искрено, во моментов нема многу простор за оптимизам дека дел од извозните гранки ќе бидат поштедени. Сепак, останува да почекаме на таа одлука“, вели Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.

Од Министерството за економија не се загрижени од можни пошироки санкции кон Русија. Велат дека во рударскиот сектор нема руски фирми.

„Според податоците на Министерството за економија, во Северна Македонија нема директни инвестиции што доаѓаат од Руската Федерација во секторот рударство. Имено, има рудници за експлоатација на металични минерални суровини во кои има ангажирано лица кои се државјани на Руската Федерација, но основачкиот капитал на компанијата не е од Русија“, велат од Министерството.

Сепак, обработените податоци од домашните и меѓународни бизнис регистри посочуваат дека најголемите рударски капацитети се основани со руски капитал распореден во неколку офшор дестинации каде што крајни сопстствениците се руски граѓани и компании, објави ИРЛ.