(ВИДЕА) ЛОВ на руски хеликоптери и авиони како гулаби, заробени пилоти кодошат

Европа

Херојската борба на украинските бранители против руските поробувачи продолжува со жестоко темпо. Украинците не се предаваат и покрај огромната воена надмоќ на руските орди.

Украинските борци буквално рачно и бестрашно, со помош на НАТО рачните ракетни лансери, си симнуваат руски авиони и хеликоптери по желба и свој избор.

 

Покрај срушените хеликоптери од најново руско просизводство, не се поштедени и руските најнови Сухои, кои паѓаат како гулаби од небото.

 

На следната снимка е заробен рускиот пилот на срушен Сухој, кој успеал да се катапултира и да преживее, но паднал во рацете на украинските борци.

 

Рускиот пилот како мало дете, без никаква воена храброст, си ги кажува сите воени тајни и задачи, дури им дава и мапа на целите кои требало да ги бомбардира. Од снимката се гледа дека руската армија е заостаната во 19ти век, сеуште целите на пилотите им ги забележува на хартија.