
БРУКА: НАТО ќе не брани, Србија ќе не рани
Македонија земја членка на НАТО, се брука поради крајно неспособна влада на СДСМ, која не обезбедила ниту основни резерви за евентуално поголема светска криза, особено за прехрана на населението.
Од друга страна, српскиот претседател Александар Вучич, во денешното обраќање до нацијата, изјави дека нивната сеидба била одлична, а во моментов имаат двојно повеќе пченица и пченка, отколку што и треба на Србија.
– Добивме барање од Македонија и ќе им доставиме затоа што имаме повеќе од доволно. За сите земји во регионот. Имаме доволно мелена пченица, доволно ни е и брашното. Апсолутно нема да имаме проблеми со пченицата и пченката. Кога зборувам за пченка, мислам и на фуражна сточна пченка, така што нема да недостасува ништо и за сточниот фонд.
Донесовме одлука дека сè уште нема да го ограничуваме извозот, бидејќи нашите земјоделци треба да заработат. Подготвивме мерки за ограничување на извозот на пченица и пченка на 20 отсто од вкупното производство доколку има потреба. Но, засега немаме апсолутно никакви проблеми – рече тој.
Ова го покажува срамот на македонската власт, НАТО ќе не брани, а Србија ќе не рани!