ОЧАЕН ОБИД на Путин: испраќа 400 платеници да го убијат Зеленски

Европа

Британски „Тајмс“ објави дека рускиот претседател Владимир Путин испраќа група од околу 400 платеници од т.н. Вагнер група за да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Групата Вагнер е приватна милиција која, според Тајмс, добила наредба од Владимир Путин да го убие Зеленски и 23 други украински владини функционери, што би ѝ олеснило на Москва да ја преземе контролата врз Украина.

Станува збор за група високо обучени платеници контролирани од Евгениј Пригожин, близок соработник на рускиот претседател кој често го нарекуваат „готвачот на Путин“. Тие наводно пристигнале пред пет недели и им биле понудени огромни суми пари за атентатот на Зеленски.

„Тајмс“ тврди дека се’ уште се чека зеленото светло на Москва за мисијата. Заедно со Зеленски, на списокот на лица што треба да бидат убиени, наводно, се и украинскиот премиер, целата влада, градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир. Според „Тајмс“, високи претставници на украинската влада биле информирани за нивните планови во саботата наутро.

Затоа, според „Тајмс“, во Киев бил прогласен полициски час кој траеше 36 часа. На граѓаните им било кажано да останат во своите домови за да може војската да ги „чешла“ улиците на Киев во потрага по руски диверзанти. Граѓаните на Киев биле предупредени дека ризикуваат „ликвидација“ доколку бидат фатени на улица за време на полициски час, бидејќи украинската војска би можела да претпостави дека се саботери.

Извор запознаен со активностите на Вагнер групата изјави за „Тајмс“ дека во Украина во јануари пристигнале меѓу 2.000 и 4.000 платеници, но со различни задачи. Некои од нив беа испратени во сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина, а 400 од нив, кои добија наредба да го убијат Зеленски, од Белорусија се упатиле кон Киев.

Платениците, наводно, ги следат Зеленски и неговите колеги преку нивните мобилни телефони и тврдат дека знаат каде се во секој момент. Друг извор за „Тајмс“ изјави дека мисијата за убиство на Зеленски засега е паузирана, барем додека Русија преговори со Украина.