
(Видео) РУСИЈА во хаос, што изгуби во Украина, а што изгуби дома
Русија загуби премногу со инвазијата врз соседна Украина. Меѓународниот имиџ како последица на однесувањето на вампирот од Кремељ е ништо, во споредба со она што го почувствува рускиот народ.
Имајќи ja предвид лошата состојба на сите фронтови линии низ Украина, Русија претрпи огромни воени загуби. Само билансот заклучно со вчерашниот ден, пред големата офанзива на Киев, зборува за најмалку 5.300 изгубени човечки животи на руските војници. За само четири денови, изгубиле повеќе од 1.300 луѓе на ден, што е катастрофа за секоја армија, па и за руската.
Во истите тие денови, Русија изгубила најмодерни 29 авиони и 29 хеликоптери, три беспилотни летала и пет системи за противвоздушна одбрана. Сето тоа во четиридневните борби во Украина од 24 февруари до 28 февруари од 06:00 часот. Овие информации страмежливо ги потврди и гласноговорникот на рускиот генералштаб.
Покрај тоа, во овој период агресорот изгубил 251 тенк, 816 оклопни борбени возила, 291 возило и два брода. Од оружјето, руската армија загуби 74 рачни ракетни лансери, 1 противвоздушен ракетен систем Бук и 21 повеќекратен ракетен фрлач Град.
Покрај воените загуби, Русија е во страшни економски проблеми, а граѓаните во паника за обезбедување на основни средства за преживување.
Во сите градови ширум Русија има колони на граѓани кои се обидуваат да извадат пари од банките, кои се веќе отсечени од светските системи за трансфер на пари. Руските банки ја изгубија ликвидноста, што значи дека граѓаните не може да располагаат со своите пари.
Footage from @novaya_gazeta of panic at ATMs in Moscow as Russia’s currency crashes. https://t.co/3t4ApXGRLQ pic.twitter.com/rgnrwdUPY5
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) February 28, 2022
Руската инвазија на Украина го намали кредитниот рејтинг на Русија, при што S&P го намали рејтингот на Русија на „ѓубре“(junk), Moody’s го стави под лупа за веројатен пад во таа категорија.
S&P го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Русија на „BB +“, од „BBB-“ и предупреди дека рејтингот може да продолжи да паѓа, откако ги анализираше макроекономските последици од санкциите.
„Според нас, досега објавените санкции би можеле да имаат значителни негативни ефекти врз способноста на рускиот банкарски сектор да дејствува како финансиски посредник во меѓународната трговија“, соопшти S&P.
Постои сериозна загриженост за способноста на Русија да управува со разорните ефекти од новите санкции врз нејзината економија, јавните финансии и финансискиот систем, рече Moody’s.
Русија сè уште е во инвестициските зони на Moody’s и Fitch (Baa3 и BBB-, соодветно), поради едно од најниските нивоа на долг во светот од само 20% од БДП и речиси 650 милијарди долари девизни резерви.
Сепак, Moody’s соопшти дека „одлуката за ревизија на сегашниот кредитен рејтинг на Русија за негово намалување ќе ги одрази негативните кредитни импликации врз кредитниот профил на Русија поради дополнителните и построги санкции наметнати на неа“.
Moody’s вели дека неговата одлука ќе зависи од обемот на конфликтот и сериозноста на дополнителните западни санкции, кои веќе ги погодија некои од најголемите руски банки, воениот извоз и членовите на потесниот круг на претседателот Владимир Путин.
Тие додадоа дека ќе го измерат степенот до кој значајните девизни резерви на Русија се способни да ги ублажат нарушувањата кои произлегуваат од новите санкции и долготрајниот конфликт.