ВИДЕО: Трогателна глетка во Украина
черашниот ден ќе се памети како еден од потажните во човековата историја. Политиката на страна, хуманите луѓе ширум светот сочувствуваат со украинскиот народ откако вчера руските трупи започнаа инвазија врз Украина.
Фотографиите и видеата од Украина, кои масовно се споделуваат на веб-страниците, сведочат навистина потресни глетки. Такво е и ова видео на кое млад Украинец се разделува од ќерката и сопругата, кои со автобус биле пренесени на место каде што ќе бидат на сигурно. Со солзи на очите, човекот ја гушка ќеркичката која, исто така, плаче бидејќи се разделува од татко ѝ.
Heartbreaking moment Ukrainian dad is forced to part with family as he stays to fight pic.twitter.com/Wx81du5Eao
— Weariless (@wearilesscom) February 25, 2022