СЕКОЈ Украинец зема оружје во рака, ќе се борат до последен

Европа

Украинскиот парламент денеска во прво читање го усвои предлог-законот со кој на Украинците им се дозволува да носат огнено оружје и да реагираат во самоодбрана.

„Усвојувањето на овој закон е целосно во интерес на државата и општеството“, изјавија авторите на нацрт-законот, пренесува „Ројтерс“. Тврдат дека донесувањето на овој закон е неопходно поради, како што велат, заканите и опасностите со кои се соочуваат граѓаните на Украина.

Украина денеска почна  да регрутира припадници на резервните одбранбени сили на возраст меѓу 18 и 60 години, по указ на претседателот Вoлодомир Зеленски, откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна самопрогласените републики Донецк и Луганск во источна Украина и одобри испраќање војници во областа.

УКРАИНА НЕМА ДА СЕ ПРЕДАДЕ!