ШАРЕНО ДОБРО УТРО ОД АМАТЕРКАТА

Добро утро

ПРАВДА НА ПОЛИТИЧКИ ПАМФЛЕТИ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Дали ги видел некој шарениве некаде? Оние истите кои се „бореа„ за правда и мир? Ни трага ни глас… демек ја донесоа правдата и обезбедија мир?!

Го донесоа Заев со дружината на власт  и им обезбедија поквалитетен живот, а тој за возврат „прибра“ неколку  гладни „шарени“ низ владините институции и тука заврши се! ПРАВДАТА И МИРОТ испишани на памфлети останаа заборавени во некое депо.

Да се потсетиме…

Во изминативе години, многу политичари седнаа на обвинително столче во скопскиот Кривичен суд, некои беа и во притвор, а некои побегнаа од земјава. Основното прашање кое се наметнува е дали денеска по толку години од протестите под паролата „Нема правда, нема мир“ правдата стана достижна?

Поминаа речиси 6 години откако демонстрантите со паролата „Нема правда, нема мир“ излегоа на скопските улици. Илјадниците граѓани кои со месеци протестираа по улиците ги поттикнаа граѓаните да се вклучат во политичките и општествените процеси. Шарената револуција е протестно движење кое започна како резултат на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да прогласи аболиција за сите осомничени и обвинети политичари во истрагата за незаконското прислушкување.

Театралното  поведение на шарените од денешен аспект е повеќе од јасно дека беше искористено единствено за промена на ликови на политичка сцена. Ниту правда ги интересирала ниту мир. Ако беа чесни во своите намери денес требаше со компресор да ги обојат сегашниве.

Реалноста е дека правдата во ова наше општество НЕ Е примарна цел и не треба  да очекуваме квалитетно политичко општество. Правдата е еден од најважните морални и политички концепти на современите општества, ние сме далеку од такво општество. Тоа е средство за создавање и одржување на еднаквоста во општеството. Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

Никогаш, освен декларативно, слободата и правдата не ја поставевме како идеал кон кој ќе се стремиме. Не ја промовиравме правдата како морална доблест на карактерот и посакуваниот квалитет на политичкото општество што го градевме. Ние промовиравме други вредности, затоа сме тука кај што сме денес. Правдата ЈА ЗАРОБИ политиката и ни ја понуди по потреба во мали дози, како лек против искривената слика за демократијата во оваа држава. Ни ја понуди на политички памфлети, многу малку во реалниот живот, но секако без упатство за нејзина употреба.