ВОНРЕДНО (видео) Обраќање на Бајден, инвазијата е започната

Изјави, Свет

Американскиот претседател Џо Бајден, со задоцнување од 1,5 час се обрати на прес конференцијата во врска со ситуацијата во Украина.

Своето обраќање Бајден го започна со обвинување дека Русија со своите постапки и официјално ја започнала инвазијата врз Украина и дека бара начин да навлезе подлабоко на украинската територија.

Бајден најави дека САД ќе ги заострат санкциите кон Русија, кои ќе бидат насочени против две банки, елити и членови на семејствата на руските функционери и политичари.