ЗАВАЛИ Петков даде отчет пред Ќебапо и Шаторо

Балкан

Вашите права се приоритет за мене и за целата бугарска влада, со овие зборови бугарскиот премиер Кирил Петков им се правдал на претставниците на организации на УДБА и криминални здруженија на професионални Бугари во Македонија, соопшти тамошната владина служба за информирање.

На средбата одржана на нивна иницијатива биле присутни сите српски агенти и продавачи на бугарски пасоши, по некој шверцер и продавач на свеќи, а таму бил и еден репресиран Бугарин од својата клета македонска жена, која редовно го млатела поради тоа што го обичал Ванчето Михајлов.

Петков пред толку сериозен форум ги презентирал најновите информации за напредокот на преговорите меѓу кабинетите на Бугарија и Македонија, чиј фокус е вклучување на Бугарите во македонскиот Устав, иако ниту еден Бугарин од Македонија тоа не го сака. Бугарскиот премиер ги запознал високите гостите и со неговите разговори со европските партнери за евроинтеграциите на Западен Балкан. Службата не известува дали Петков ги запознал и со домашните проблеми, кои се важни за бугарските будители од Македонија.

– Клиентелата од Македонија беа категорични – веруваат во новиот пристап што го иницира бугарската влада, бидејќи се убедени дека само со дијалог може да се решат проблемите, соопшти прес-службата на бугарскиот Совет на министри.

Тоа особено било значајно за Ќебапо и Шаторо, кои се олицетворение за примерни граѓани на Македонија, кои проблемите ги решаваат со дијалог. Од нив може завали Петков да научи навистина многу школо, што не го научил на Хардвард. Тоа школо не се учи на Универзитет, само на улица.

Средбата траела околу час и половина, а премиерот завали Петков не можел да се оддели од високиот клиентела пристап на професионалните Бугари од Македонија.