
ЕКСКЛУЗИВНО: Указите на Путин за признавање на непостоечки држави
Според наредбата што вечерва ја потпиша Министерството за одбрана, руската армија тргнува во „мировна мисија“ со која ќе окупира дел од суверена и независна Украина.
Путин ја испрати руската армија во окупираните Доњецк и Луганск, проруски т.н. републики кои тој денес ги призна како независни држави. Наредбата за испраќање војници во источна Украина е дел од одлуката на Путин да ги признае сепаратистичките територии во источна Украина.
Во одлуката не е прецизирано што точно значи тоа, но Би-Би-Си наведува дека експерти во Украина и Русија велат дека Путин сега и официјално може да испрати војници во бунтовничките области во источна Украина, што официјално значи руска воена окупација во источна Украина.
Москва постојано ги отфрла обвинувањата на Украина и нејзините резервни сојузници дека руската армија веќе е во Доњецк и Луганск.
Ова се двата Укази на претедателот В. Путин со кои ги признава непостоечките републики Донецк и Луганск за независни држави:

