ОСМАНИ супермен, ќе ја спаси Украина од финансиски колапс

Хроника

Министерството за надворешни работи однапред исплатило криија и плати за три месеци на вработените во македонската амбасада во Украина, поради страв од евентуално крахирање на тамошниот финансиски систем.

Со овие пари се очекува да закрепне економски Украина и да ја надмине воената криза, на шала коментираат вработените во МНР.

– Дадовме однапред плата за три месеци за амбасадорите, за кирија, за да не остане амбасадата без средства доколку банките таму затворат – рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг.

Тој потврди дека семејствата на двајцата македонски дипломати во Украина се повлечени. Засега остануваат 30 набљудувачи во рамки на специјална мониторинг мисија на ОБСЕ, иако некои земји веќе ги имаат повлечено или дислоцирано на побезбедна локација. Тоа значи дека не им се плашиме, Бујар е хард верзија на супермен! Други се тие таму во Украина кои може да ги појаде мракот.

– Нашата позиција е поспецифична, ние сме дел од претседавањето со ОБСЕ и повеќе внимаваме какви пораки ќе испратиме, но сме во комуникација со набљудувачката комисија и со генералниот секретар на ОБСЕ – додаде Османи.