ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Владата е пред потпис на национална катастрофа – Богојески

АНАЛИЗА, Изјави

Лидерот на Македонски концепт на социјалните мрежи објави драматично предупредување во врска со бугарското прашање во Македонија. Тој напоменува „не да ме разрешувате, не да ме бркате од работа, не да ме ставате по подруми, не да ме праќате во касарни, ако сакате и во темни зандани да ме фрлите и од таму да не излезам, јас нема да премолчам вакво епохално предавство на македонската кауза!“ – пишува Богојески.

Што друго има во објавата:

„Владата на Македонија и премиерот Ковачевски се на чекор пред најголемото предавство во македонската историја. Планот да се даде согласност на бугарското барање, нивната антицивилизациска Рамковна позиција и Меморандумот до ЕУ, да влезат во преговарачката рамка за Македонија, е катаклизма за Македонија и Македонците.

Со тоа, бугарските барања стануваат европски услови за Македонија. Така ќе бидеме ставени на избор, ЕУ или Македонци? Тоа ќе предизвика војна помеѓу клиентелата и достоинствените граѓани, Македонија ќе биде скршена засекогаш!

Пластично да објаснам, во оној момент кога бугарските желби кон Македонија ќе станат услови за влез на земјава во ЕУ, ние нема да имаме друго, освен да избереме дали ќе прифатиме да бидеме Бугари или нема ЕУ. Со тоа Владата на Ковачевски засекогаш ја затвора портата на ЕУ за нас Македонците!

Мила ми е ЕУ, но Македонија ми е помила! Сакани ми се Европјаните, но моите Македонци најсакани! Сакам во ЕУ, но најмногу сакам македонска ДРЖАВА! ЕУ не мора да значи негација на македонското! Напротив, ЕУ може да биде најголема поткрепа за македонското! Само треба да знаеме како и да знаеме што сакаме!

Ако ова го потпише Ковачевски, нема да има назад!!! Нема!!! Не ВМРО, свети ВМРО да се врати, не МКонцепт, свети МКонцепт да дојде, нема да може назад! Тоа ќе влезе во ЕУ рамка за Македонија, како што влезе грчкото барање за името, и се додека не ги исполниме сите болни желби на болшевиците, ние ЕУ не гледаме!!!

Тоа ќе ја дестабилизира Македонија, но и цел Балкан. Ако е целта на Ковачевски нова безбедносна криза во земјава и регионот, во насока да направиме услуга за решавање на Косово, тогаш целта ќе биде исполнета! Ако е целта Македонците и Бугарите засекогаш да останеме најголеми душмани, тогаш целта е исполнета! Но Македонија нема да ја има!

Како Македонија нема да ја има?

Очајни и разочарани од ЕУ, утеха ќе побараме во т.н. Отворен Балкан, што веќе е започнато. Албанија ќе започне преговори со ЕУ, ќе го напушти Отворен Балкан, а Косово ќе биде решавано по пат на поделба на територии. Тоа ќе оди заедно со руските апетити за Украина, Србија ќе прифати. Штом се отвори процесот за промена на граници, во Македонија ќе се појави силно сепаратистичко албанско движење, кое ќе сака заедно со Албанија и дел од Косово во ЕУ! Нема да сакаат со нас под српска власт! Што е оправдано!

Србија ќе сака да компензира за Косово, преку Македонија и Босна и Херцеговина. Таму во Босна е се подготвено за експлозија. Македонците во очај ќе побараат спас во Србија, а со тоа и крај за Македонија! Така Бугарија конечно по петти пат ќе ја фрли Македонија во рацете на Србија. Но ова ќе биде последниот обид!

Македонци, јас ова не го кажувам никого да заплашувам или да се правам битен фактор. Или да наштетам на преговори и да спречам ЕУ интеграција! Напротив, кажувам за да спречам вакво сценарио, за сите заедно да направиме ова да не се оствари! Ако се случи, после нема да биде битно кој што кажувал, кој што правел или неправел, сите сме се покакале!

Едно да знаете, Преспа е мало дете за оваа работа! Ако Преспа ја отвори вратата за промоција на северно – македонЧиња, ова ќе го избрише тоа Македонци и ќе останете само „северџани“! Простете, ама од мене „северџган“ не бидува!!! По цена на живот!

ИМА РЕШЕНИЕ, тоа е граѓанска Македонија на Македонците, каде сите граѓани сме еднакви, без разлика на определувања. Уставот на Илинденско Крушево е решение за Македонија! Спас за Македонија и влез во ЕУ! Силна поддршка на САД и ЕУ во таа насока ќе даде резултат за само една недела. Бугарија и македонските граѓани се согласни со тоа! Нема да има пречки! Така ќе не биде, ќе покажеме дека МОЖЕМЕ!“ – пишува Богојески