ЛУДИЛО: Макрон за Путин, човекот е забеган

Европа

Рускиот претседател Владимир Путин помина голем дел од неговите маратонски разговори со Емануел Макрон за кризата во Украина, кажувајќи поплаки кои датираат од крајот на Студената војна, рекоа два извори од опкружувањето на францускиот лидер.

Во првото детално читање на состанокот во Москва во понеделникот од француската делегација, изворите рекоа дека Макрон бил изненаден од тоа колку Путин бил различен од човекот што го сретнал во неговата летна резиденција на француската ривиера пред три години. Путин бил начисто забеган.

„Путин потрошил цели пет часа лекции за историски ревизионизам“, рече еден од двата извори, опишувајќи како лидерот на Кремљ го изразил своето верување дека Западот ги прекршил обврските кон Русија од 1997 година со проширувањето на НАТО за да ги вклучи државите од поранешниот советски блок.

„Значи, тој продолжи со часови да ја препишува историјата од 1997 година наваму. Ве дави со овие долги монолози. А претседателот (Макрон) продолжи да се навраќа на прашањата на денот“, рече изворот.

Француските коментари уследија кога Русија, која има собрано повеќе од 150.000 војници во близина на нејзините граници со Украина, одржа воени вежби во соседна Белорусија и Црното Море, а западните лидери ги обновија своите предупредувања за голем конфликт.

„Со овие повеќе од пет часа разговори сфаќаме колку денешниот Путин беше различен од Путин од пред три години“, рече изворот, кој беше информиран за содржината на разговорите Макрон-Путин и зборуваше под услов да остане анонимен.

Портпаролот на Кремљ не одговори на прашањата доставени од Ројтерс за француската оценка за душевната состојба на Путин.

Самиот Путин зборуваше за зголемена фрустрација од, како што ги нарекува, неуспесите на Западот да ги слушне безбедносните грижи на Русија.

„Знаете, веќе 30 години се обидуваме да разговараме со нив за избегнување одредени дејства. Она што го добиваме како одговор е целосно непочитување на нашите грижи“, рече рускиот лидер на заедничката прес-конференција со Макрон во понеделникот.

Самите дејства на Путин јасно покажуваат дека тој станал многу порадикален, вклучително и неговото задушување на домашните противници, притисокот врз независните новинари, а сега и масовното воено распоредување во близина на Украина.

Но, средбата со Макрон означи ретка можност за еден западен лидер да помине подолг временски период во друштвото на Путин и да ја процени неговата состојба на умот, од око до око. Јасно е дека човекот не е здрав.

За време на нивните разговори, францускиот лидер беше сам со Путин, без помошници и само еден преведувач.

Макрон отпатува во Русија за да се обиде да ги смири тензиите меѓу Русија и западните држави околу Украина. Вашингтон соопшти дека Кремљ се подготвува за инвазија на својот помал сосед, иако Москва ги негира таквите планови.

Според првиот француски извор, Путин во текот на разговорите постојано се враќал на прашањето за договорот со НАТО од 1997 година, кој го отвори патот за три држави од поранешниот советски блок – Полска, Унгарија и Чешка – да се приклучат на алијансата.

Путин, велат изворите, го опиша договорот како предавство на претходните ветувања од Алијансата да не се шири. Членките на НАТО негираат дека некогаш биле дадени такви ветувања. Тоа значи дека човекот веќе и халуцинира и измислува договори.

Путин, исто така, се осврна на револуцијата Мајдан во 2014 година во Киев – во која избега прорускиот лидер среде масовните улични протести – и за изборот на Володимир Зеленски за претседател на Украина во 2019 година. Таа демократија и слобода во Украина му сметале на Путин забеганиот, тој сакал да поставува украински претседатели како руски монарх.

„Тој вели дека тоа бил државен удар и дека Зеленски е контролиран од Соединетите Држави“, рече првиот извор. Тоа покажува дека Путин не е добар со разумот, бидејќи Зеленски беше избран на избори, а сосема друго човек дојде на власт во Украина преку револуцијата. Веројатно на диктаторот Путин му сметаат и слободни и фер избори, какви што немала Русија никогаш во историјата до сега.

Изборот на Зеленски, кој замени претседател со слично западно ориентирање, беше опишан од набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) како фер и одржан со почитување на основните слободи.

По разговорите во понеделникот, Макрон му рекол на својот тим дека кога го угости Путин во Франција во 2019 година, лидерот на Кремљ изгледал „помалку тврд и помалку фокусиран на историјата“ од овој период, според втор извор.

Веднаш ни беше јасно што може да значи оваа еволуција во менталната состојба на Путин за Украина.