(Видео) Северина со ново клипче во јавност

Сцена

Пејачката Северина Вучковиќ беше во посета на српската престолнина поради работни обврски. Таа таму се опуштила повеќе од дозволеното.

Северина била кај Горан Бреговиќ, каде се задржала одредено време. Екипата на „Папарацо лов“ го пратеше движењето на Северина.

Пејачката беше опкужена со луѓето од својот тим, кои ја фотографираа, а по посетата кај Бреговиќ, Северина се сретна и со својот продуцент и композитор Филип Милетиќ.

Милетиќ и Северина се фатени во момент на страствен поздрав на улица, а бакнежот кој се случи беше пропратен и со прегратка, а Северина не ја симна насмевката.