ЗОШТО ВМРО ДПМНЕ бара намалување на 90 пратеници

Политика

ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на бројот на пратеници во македонското Собрание од 120 на 90. Дали тоа ќе предизвика потреба од промена на Устав, не е важно, важна е причината зошто тоа го бара оваа партија?

Од партијата посочуваат дека 120 пратеници во Собранието е преголем затоа е потребно да се намали на 90 за функционална демократија и намалување на финансиските трошоци, пари на граѓаните.

Ваков пример на Собрание од 90 пратеници имала во Република Словенија. Но сепак не се открива вистинската причина.

– За бројот колку што ќе се намали македонското Собрание, 30 пратеници, граѓаните месечно плаќаат по 51.000 евра по основ на плати и придонеси, а 612 илјади евра годишно. Ако се земе предвид дека на народните претставници им се исплаќа и за патни трошоци државата годишно плаќа скоро еден милион евра. За еден милион евра, заштедени годишно државата може да набави над 15 амбулантни возила и 10 противпожарни возила за граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За овој предлог, како и за предлогот за една изборна единица ВМРО ДПМНЕ ги повика сите политички партии на дебата, како и за консултации за поддршка за овие предлози.

Реалната причина за овој предлог е фактот што ВМРО ДПМНЕ точно се пресметале со намалување на бројот на пратениците ќе се зголеми бројот на потребни гласови за влез во Парламент. На тој начин малите партии или независни листи ќе немаат никаква шанса да влезат во Парламент, а оние кои влегоа како Левица или ќе останат на ист број или ќе испаднат.

Дополнително, сериозно ќе се намали бројот на пратеници кои се вон лидерска контрола, а кандидирани на опашката на партиските листи за време на избори. Со тоа партиите ќе може да кандидираат помал број и полојални партиски кадри.

Дали ВМРО ДПМНЕ е сериозна партија со овој предлог?