
(Видео) Се разбуди после 30 години, уживајте во Етна!
Италијанската Етна, највисокиот и најактивниот вулкан во Европа, повторно еруптираше на спектакуларен начин, осветлувајќи го ноќното небо со експлозии и светло-црвена растопена лава.
Ерупцијата се случи на југоисточниот кратер на вулканот, на надморска височина од околу 2.900 метри, јави Танјуг.
Вулканот исфрли пепел и облаци од чад на небото во височина од осум километри, објави италијанскиот национален Институт за геофизика и вулканологија.
Засега нема податоци за евентуални жртви или повредени. Вулканот висок 3.330 метри исфрла лава неколку пати годишно високо над медитеранскиот остров. Последната голема ерупција се случи во 1992 година.