ЧУДНО: ГОРДАНА Силјановска за парите од кампањата

Политика

Професор Гордана Силјановска во својство на претставник на ВМРО ДПМНЕ и пратеник од оваа партија даде невообичаена изјава со која отвори суштински проблем за легитимноста на изборите и рамноправното учество на сите партии.

Сега е време да се отвори темата државно рекламирање, кое им дава огромна предност на големите партии пред помалите. Во некои земји на ЕУ, како во Шпанија и други земји, партиите не смеат да се рекламираат во медиумите за сите да имаат еднакви шанси на изборите.

Овој став е дијаметрално спротивен од официјалниот став на ВМРО ДПМНЕ. Дали Силјановска изрази одвоено мислење од партијата или ова е веќе унапредување на ставот на партијата, останува да дознаеме.