ГРУЈОВЦИ признаа вина, а кој ќе плати штета?

Хроника

Дел од обвинетите во случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности и злоупотреби, на судско рочиште признаа вина. Меѓу оние кои се изјаснија како виновни се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешната заменичка министерка за права Билјана Бришковска-Бошковска и Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски, кој исто така е обвинет во овој предмет, но е во бегство во Будимпешта.

Тие признаа вина дека местеле и фалсификувале избори, а кој ќе ја плати штетата? Секако треба да бидат истите тие кои признаа вина.

Јанкулоска пред судот кажа дека ја признава вината во однос на наводите од обинението, но забележа дека постапката за овој предмет не требало да се води, поради даденото помилување од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

И Јанакиески рече дека признава вина за дел од кривичните дела кои му се ставаат на товар, но и тој  смета дека „Титаник“ не требало да се води поради помилувањето на Иванов.

Мартин Протуѓер кажа дека презема одговорност како морален чин и од тој аспект ја прифаќа вината.

Бришковска, пак, ја прифаќа вината како лична и професионална одговорност од аспект на позициите кои ги извршувала.

Судењето е завршено за оние кои признаа вина, а за останатите обвинети ќе има ново рочиште на 9 март.

Случајот „Титаник“ го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.