
СРБИТЕ Гробари: „Никогаш (Северна) Македонија, само Јужна Србија“!
Политиката по којзнае кој пат зеде замав и во спортот. Атмосферата на СЕХА-дербито меѓу Партизан и Еурофарм Пелистер беше врвна и за чиста „десетка“, се до средината на второто полувреме кога домашните фанови направија голема провокација.
„Гробарите“ пред 41-тата минута почнаа да скандираат против нашата држава Македонија. Без никаква провокација од страна на „Чкембарите“, домашните фанови потенцираа – „Јужна Србија, никогаш Македонија“.
Скандирањето траеше одредено време, а престана откако делегатот ги опомена „Гробарите“. Но, по извесно време, повторно продолжи. Вакви гестови дефинитивно немаат место на спортските борилишта.