ЕРДОГАН заразен од корона, дали животот му е во опасност?

Балкан

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска објави дека тој и неговата сопруга се позитивни на коронавирус и имаат благи симптоми.

Ердоган наведе дека е заразен со Омикрон варијантата на вирусот, но со оглед на тоа дека станува збор за 68 годишна старост, за малку 69, тој е во ризична група. Дали неговиот живот е во опасност?

„Денеска добив позитивни резултати од тестот за Ковид, што јас и мојата сопруга го направивме по благи симптоми. Ќе продолжиме да работиме од дома“, напиша Ердоган на Твитер.

Тој се најдува во претседателската палата во Анкара, под постојан здравствен надзор. Познато е дека тој боледува од неколку болести, што степенот на ризик по неговиот живот драстично го зголемува.