ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Огромни воени маневри на НАТО на руска граница

Европа

Во близина на руската граница, на територија на Естонија се организираа најмасовните воени маневри до сега, во организација на НАТО.

Во Естонија веќе е формирана борбена група на земјите сојузнички, кои превенираат руско насилство и на таа граница. Таа група е специјализирана за дејствување во зимски услови. Опфаќа околу 1.400 војници и нивна специјална опрема, тенкови, артилерија, инженерија и сл.

Во групата учество имаат Британија, Франција и Естонија. Координираните акции се организираат на земја и во воздух, со борбени авиони на Белгија.

Тенковските единици и опрема се од германско потекло, но Германија нема свои војници, учесници во тие маневри.