РУСИЈА ја чека втор Авганистан во Украина

Европа

Британците ја предуприја Русија дека инвазијата на Украина ќе доведе до загуба на животи од размерите на советско-авганистанската војна, јавува Гардијан.

Тие го повика Владимир Путин да се откаже и да се повлече од Украина пред да направи голема стратешка грешка. Конфликтот во Украина е дел од еден поширок глобален спор помеѓу либералните држави наспроти автократиите, како Русија и Кина. Охрабрените автократии се обидуваат да извезат диктатура низ светот, режими како оние во Белорусија, Мјанмар или Северна Кореја ги наоѓаат своите најблиски сојузници во Москва и Пекинг.

Во меѓувреме, САД објавија информации дека руското разузнавање регрутира сегашни и поранешни функционери во украинската влада за да ја преземат украинската влада и да соработуваат со руските окупациски сили, објави Гардијан. Американските власти воведоа санкции за двајца украински пратеници и двајца поранешни официјални лица, кои биле инволвирани во заговорот, кој вклучува дискредитација на актуелната влада на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Би-би-си објави дека и од средбата на американскиот државен секретар Антони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Женева во врска со актуелната состојба во Украина, повеќе од јасно е дека Украина ќе пружи жесток отпор и таа ќе биде гроб за руската армија.

Доколку Русија нападне со тие 100.000 војници на границата со Украина, вклучително и оние стационирани руски и белоруски војници во градот Јелск и на други локации во близина на белоруско-украинската граница, тоа нема да биде доволно да се скрши украинскиот отпор, со што ќе се отвори жесток фронт, но и герилско војување слично на она помеѓу СССР и Авганистан.

Русија во 2014 година го анектираше Кримскиот полуостров од Украина, по што започна долготрајниот воен конфликт во источните делови од земјава, во којшто досега загинаа 14.000 лица и предизвикаа над 2 милиони лица да ги напуштат своите домови првенствено во регионите Доњецк, Луганск и полуостровот Крим.