ПОВРЕДЕНИ 20 лица во тешка сообраќајка

Хроника

Повредени се 20 лица во тешката сообраќајка на излезот од Битола, на магистралниот пат кој води кон соседна Грција.

Во сообраќајката учествувале комбе кое превезувало работници од фабриката Кромберг и Шубер, патничко возило и товарно возило влекач.

-По сообраќајката лекарска помош во Битолската клиничка болница помош побарале 20 лица. Кај 14 лица се констатирани лесни, а кај шест потешки повреди. Бидејќи кај нити едно лице не се констатирани тешки телесни повреди, ниту едно лице не е хоспитализирано, односно не се задржани лица на болничко лекување, известија од СВР-Битола за МИА.

Причините за сообраќајката ги утврдуваат полициските службеници.