
САД и Британија со оваа закана до Путин
Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трус изјави дека пријателите и поддржувачите на рускиот претседател Владимир Путин ќе бидат мета на британските санкции, доколку тие ја нападнат Украина, пишува Гардијан.
Од нејзиниот кабинет неколку пати изјавија дека ќе покренат санкции кон Русија и кон самиот Путин доколку тие ја нападнат Украина, но често повторуваа дека приоритет им е смирување на ситуацијата меѓу двете земји.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден исто така ја поддржа иницијативата за воведување на санкции кон пријателите на Путин кои ќе учествуваат во нападот на Украина, пренесува Ројтерс.
„Сојузниците на Путин нема да можат да ги користат членовите на семејството за да ги избегнат санкциите. Санкциите ќе важат за сите кои ги прекршиле меѓународните финансиски системи, а тие и нивните семејства нема да можат да ги уживаат правата како вложување во западните банки или пак да студираат на западните универзитети“ соопштија од администрацијата на Бајден.
Трус пак, по денешното соопштение, одби да ги коментира имињата на Русите кои би можеле да бидат санкционирани, додавајќи дека со тоа му прават нов притисок на Путин.
Таа вели дека Русија ја чекаат „најстрогите санкции“ доколку ја нападне Украина.
Британскиот премиер Борис Џонсон се обиде да се стави во главна улога во решавањето на конфликтот меѓу двете земји.