
ФЕКАЛНО ДОБРО УТРО од Аматерката
ФЕКАЛИИТЕ ИЗЛЕГУВААТ НА ПОВРШИНА
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
Кога еден систем не функционира подолго време, а дефектите на истиот не се сервисираат во континуитет, тој доаѓа до состојба на целосна нефункционалност или застој. Во овој момент нашиот државен систем е токму во оваа состојба. Во текот на изминативе години не само што не се одржуваше редовно, а кога имаше потреба не се ни сервисираше, туку и се оптоваруваше дополнително, без притоа да се има предвид за последиците од ваквото однесување.
Секојдневно сме сведоци на „испливани фекалии“ како резултат на застојот кој се појавува во секој дел (сектор) од системот. Дури тогаш надлежните се обидуваат да „го одзатнат“ системот бидејќи и самите се изложени на „смрдеата“ која се шири надалеку, а „фекалиите“ веќе се на површина и секој може да ги види. Деновиве се највидливи „фекалиите“ од образованието.
Иако преку надлежните инспекторати родителите се обидуваат да ги си ги заштитат своите деца од штетните просветни работници, тоа најчесто завршува без сериозен пристап на проблемот и заштита на така наречениот просветен работник, но не и на децата. Кога проблемите се ставаат „под тепих“, а „ѓубрето“ не се чисти на време, доаѓа до застој.
Во вакви случаеви чистењето мора да биде темелно, во спротивно фекалии повторно ќе излегуваат од други „отвори“. Надлежните задолжително треба да спроведат генерална контрола на функционирање на образовниот систем. Да го ресетираат системот но претходно и да го исчистат од несоодветниот политички кадар и да го заменат со нов соодветен просветен кадар. Доколку тоа не се спроведе образованието постојано ќе плива во „фекалии“ низ кои секојдневно „газат “ нашите деца и ја трпат нивната непријатна миризба.