
Овој месец е ПОСЕБЕН за овој знак!
Овој месец ве подготвува за нешто големо.
Месецот започнува со младата Месечина во вашата дванесетта куќа на простување и самотија и ве носи на патување кон себеси. Ослободете се од она што веќе не е ваша одговорност, како и она што веќе не ви служи.
Се приблужува времето кога самите со себеси ги расчистувате своите сметки и сега јасно согледувате што е она што го сакате. Конечно сфаќате како можете да заработите подобро со соодветно ангажирање и овој месец вашите напори ќе одат во таа насока.
Многу енергија постои во вас, а таа е движечка и ви носи можност да остварите нешто големо. Ќе бидете напнати, но пробајте тоа да го канализирате на позитивен начин за да го остварите посакуваното.
На 3 февруари, Меркур го завршува своето ретроградно патување и ви носи можност да се поврзете со своите колеги и да се вратите на социјалните медиуми каде ќе се испромовирате себеси и својата работа. Но, бидете внимателни околу 11 февруари кога Меркур прави конјункција со Плутон, па тогаш можно е да откриете една потемна страна од вашиот тим и да се разочарате од некој близок соработник.
Со полната Месечина на 16 февруари ќе имате можност да ги подредите своите приоритети и да се навратите на она што ви е значајно на ова поле. Ќе изградите дневна рутина која ќе ви помогне да сте продуктивни, а истовремено нема да заборавите на грижата за себеси. Кога Венера ќе ги здружи силите со Марс умешно ќе можете и да им помагате на другите и да бидете исполнети од сето тоа.
Крајот на месецот ја носи сезоната на Рибите, а вам ве прави посамоуверени и полни со позитивна енергија бидејќи ова е вашата сезона. Подгответе се за многу убави работи!
Можно е уште да чувствувате фрустрација од некоја стара врска од минатото и тоа да ви влијае на моменталниот љубовен однос или статус. Но, овој месец ви носи прилив на убава енергија и можност да се ослободите од товарот од минатото,
На 1 февруари со младата Месечина во Водолија подготвени сте да и се навратите на љубовта и се поврзете со саканата личност, или пак да дадете шанса на некоја нова личност особено ако сте слободни. Не сфаќајте премногу лично ако некој не се однесува онака како што вие замислувате.
Со крајот на ретроградното патување на Меркур, ќе можете да ги решите конфликтите, да комуницирате со леснотија и да се погрижите за балансот во врската. На 14 февруари кога Меркур влегува во Водолија ќе се чувствувате како да пловите во мирно љубовно море, целосно препуштени на брановите на љубовта. Ова е и совршен миг, слободните Риби да го сменат својот љубовен статус.
Вашата сезона почнува на крајот на месецот и ве прави неодоливи за другите.
Можни се негативни мисли и проблеми со спиењето. Пробајте да пешачите или пак да вежбате јога или да медитирате.