
УЖАС: ДРЖАВА или ПАНАЃУР?!
Во ист ден во еден ист тајминг две институции „се бркаат“ со податоци.
Извештај на ИЈЗ: Секој трет тестиран е позитивен на ковид, а МОН денеска ќе собира податоци за позитивни деца и наставници – Шаќири тврди дека бројот не е огромен!
Па добро бре, толку ли е тешко и макотрпно МОН да побара од ИЈЗ колку од позитивниве се деца? Ова во нормални држави се решава со меѓусебна соработка без притоа да се оптоварува јавноста со прес конференции за се и сешто.
Во последнот извешај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се наведува дека за една недела се пријавени 148 смртни случаи во 26 градови што е за 38,3% повеќе во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје и повеќето се на возраст над 60 години и од 50-59 години (12 починати).
Од почетокот на пандемијата, во Северна Македонија има 8.409 смртни случаи како последица на вирусот. Во извештајот се вели дека 82,1 отсто од починатите имале и други здравствени проблеми – најчесто кардиоваскуларни, дијабет, белодробни, невромускуларни, бубрежни и карцином. Од ковид починаа и девет трудници и 37 здравствени работници.
Според податоците, починале и 13 лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19. Од почетокот на пандемијата регистрирани се 6.494 реинфекции, а 17-мина се заразиле по третпат. Од 24 до 30 јануари биле пријавени 1.558 реинфекции.
Расте и бројот на хоспитализации – во моментов во болниците има 671 лице, од кои 390 се на кислородна поддршка, што е за 14,4% повеќе во споредба со претходна недела. Досега во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ се детектирани 255 пациенти позитивни на омикрон а присутна е и делта варијантата меѓу заразените.
Досега во земјата се направени вкупно 1.788.251 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Охрид, Кавадарци и Прилеп.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Охрид, Кавадарци и Прилеп.