ЗБУНЕТ Бугарин, пријавил дискриминација, но се изјазнил како Македонец

Македонија

Минатата година до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација бил доставен само еден поднесок за дискриминација поради бугарско самочувство. Претседателката на Комисијата, Весна Бендевска изјави дека институцијата има високо ниво на самостојност и е важна во моментов, поради изјавите на припадници на бугарското малцинство во Македонија кои велат дека им се загрозени правата, а нема каде да се жалат.

При крајот на минатата година беше поднесена само една постапка од граѓанин кој се пожали дека е дискриминиран на работното место – вработен во мала рурална локална самоуправа – поради неговото лично чувство дека има бугарско потекло. Ние сме должни да ја прашаме и другата страна. Одговорот беше интересен. Секој вработен во образецот М1/М2 се изјаснува по националност. Жалителот тука се изјаснил како етнички Македонец, па оттука не му е нарушено правото на еднаквост со неговото сменување од работното место, појасни Бендевска.

Ова го потврдува фактот дека во Македонија нема Бугари, тие се дел од Македонците и целокупната пропаганда за создавање на Бугари во денешна смисла на зборот е враќање на земјава во 19ти век.