ИДИОТСКО ДОБРО УТРО од Аматерката

Добро утро

ИДЕНТИТЕТСКИ ИДИОТИЗАМ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Ситуацијата е алармантна. Во Македонија, за жал,  има инвазија на идиотизам. Навидум оваа именка звучи навредливо но откако подобро ќе ги запознаеме нејзините карактеристики полесно ќе сфатиме дека станува збор за болест. Што е идиотизам всушност како клиничка и психолошка дијагноза? Отсуство на дух и интелигенција, малоумност, тапавост, ограниченост, неспособност за каузално мислење. Тоа е идиотизмот, а негово чедо е  ИДИОТОТ што го произведува него и без кој тој не би постоел. Идиотите може да се поделат на помалку впечатливи, лесно препознатливи и на нај –  идиоти.

Помалку впечатливи

Ќе почнам од отсуството на дух и интелигенција. Секој од нас барем еднаш во текот на денот се сретнал со проблем при битисување на некоја работа и  сретнал  идиот кој ја нагласил оваа своја особина. Доколку не, на попладневите вести по медиуми имало по минимум  два-три вакви идиоти кои ќе ве потсетат на реалноста со која се соочувате.

Лесно претпознатливи

Е сега, малоумноста секој индивидуално ја цени врз база пак, на своите капацитети, ама во комбинација со тапавоста ја дава целосната слика на идиотот, кој пак, со доза на ограниченост исполнил услов за повисока партиска или државничка функција. Ги има со лопата да ги риниш.

На ј- идиоти

Но она што највеќе загрижува е неспособноста за каузално мислење. Ете овие идиоти со пренагласеност токму на оваа особина ги прават најголемите штети. Тоа се НАЈ- ИДИОТИТЕ  или шефовите на овие претходниве.

Нашиот државен систем страда токму поради нив. Се започна со вклучување на посебни личности, институции и организации, кои произведувајќи енормен идиотизам му наментуваат на  македонскиот народ да го прифати тој ИДЕНТИТЕТСКИ ИДИОТИЗАМ под лажно име –  врвно достигнување на модерната  цивилизација. А сето тоа со ветување дека само уште тоа и ОП…ВО ЕУ! И така, само уште ова, само уште тоа….идиотите си  се намножуваа низ годините па  „Моќните“ мораа да бираат од понуденото и почнаа да избираат НАЈ – ИДИОТ за спроведување на определена цел. На секој проект по еден. Заинтересирани колку да ти душа сака и не само тоа туку, нај – идиот  стана престижна функција во нашиот систем. Како да се натпреваруваат кој од кој ќе испадне поголем ИДИОТ!

А бре идиоти! Каузалноста е закон според кој се генерираат ефекти.  Фактот на кој било настан е предизвикан од причина, а вие сироти опиени од слава и моќ немате способност да ги препознаете ни настаните ни причините, па камо ли нивната каузалност! Ете затоа имаме држава каква што имаме. Решенија, налик на вас-идиотски. Ај што му се плукнавте на минатото, ај што ни ја упропастивте сегашноста, ами со кое право им ја загрозувате иднината на идните поколенија?!

Ами чаре? Има! Можеме да си ги спасиме идните поколенија.

Кога ќе почнеме да живееме како вистински македонци, а не само напразно така да се нарекуваме, тогаш можеме да очекуваме спас од  ова што претходно го констатиравме.

Да си го вратиме традиционалното македонско семејство. Да си ја зацврстиме вербата во Бог која ќе ни биде патоказ за почит на  вистинските вредности и морални норми. Да знаеме што е празник, а што е  делник. Верските храмови да ни бидат збиралишта каде што ќе учиме за добрата мисла.

Да не парадираме по плоштадите за некоја си  неприродна „гордост“ и извртена реалност. Да покажеме почит кон минатото и благодарност за сегашноста. Да не им правиме „кворум“ на лицемерните партиските собиранки на идиотите кои не се дел од нас. Само тогаш ќе знаеме подобро кој сме и каде припаѓаме и нема да им овозможиме  врз нас да шират идентитетски идиотизам!

Друго чаре нема!