МИЦОТАКИС го превари Ердоган, тие најавуваат меѓусебна војна

Балкан

Поради пречестите нарушувања на грчкиот воздушен простор од страна на Турција, дури 48 прелети за една година, а особено поради судирот на Ердоган со Бајден и американските интереси на Блиски Исток, САД застанаа на страната на Грција во турско – грчкиот спор.

Наместо Турција да се преиспита во односите со САД, тие најавија војна со Грција. Турскиот МНР Мевлут Чавушоглу се заканува дека Турција „ќе се соочи со Грција на бојното поле, доколку е потребно“! Тоа дополнително ја вознемири Америка, која спречи производство на најнова американска воена технологија, особено авиони, во Турција. САД донесоа одлука токму на Грција да и дадат најмодерни авиони од петтата генерација, светски најдобриот Ф-35.

Експертите коментираат дека доколку Грција ги стави тие авиони во своја воена формација, тогаш Турција далеку ќе заостане зад грчката воена способност, а побројната турска армија ќе стане небитен фактор, бидејќи Грција ќе биде воздушно супериорна во Егејското море, но и врз копното на цела Турција.

Важно е да се напомене дека Турција нарача 100 авиони од овој тип, но САД одбија да им ги испорачаат. Тие дури ја изгубија и лиценцата за производство на американски воени авиони од Ф серијата. Сето тоа поради набавката на рускиот систем С-400 од страна на тврдоглавиот Ердоган.

САД сметаат дека Турција може да им овозможи на Русите да ги шпиунираат авионите Ф-35, нивните предности и слабости. Ситуацијата до тој степен е влошена, што НАТО се преиспитува во лојалноста на членката Турција. Ердоган после инцидентот на соборен руски авион во Сирија, плачеше како мало дете во НАТО во Брисел и бараше заштита од евентуален руски одговор, а потоа подлегна на руските притисоци и започна со набавки на руско оружје.

Секако Грција ја искористи ваквата ситуација и сериозно напредува да стане воено посупериорна од Турција. Премиерот Мицотакис се пофали дека Грција е сигурна алтернатива на НАТО за контрола на источниот Медитеран. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја пофали Грција како „веродостоен партнер“ и столб на стабилноста во тој дел од светот.