ЕНП во Европскиот Парламент бара воена помош за Украина

Европа

Европската народна партија, чиј дел е ВМРО ДПМНЕ бара итна воена помош за Украина. „На Украина и треба конкретна помош, вклучително и воена. Министрите за надворешни работи на ЕУ разговараат за ситуацијата околу Украина со американскиот државен секретар Антони Блинкен. Земјата, чии граѓани излегоа на улица и загинаа борејќи се за европската иднина на својата земја, не може да биде одбиена со ладен прагматизам.“ – стои во соопштението на ЕНП.

„Очекуваме Европската унија да ја покаже својата сила и посветеност да ја гарантира безбедноста со сопствените сили, како што тоа го правеше во минатото кога беше подготвена да распореди мировни единици за да ја гарантира стабилноста на своите сојузници“, рече европратеникот Раса Јукневициен.

Заменик – претседателот на групата ЕНП задолжена за надворешни работи тврди: „Нашите санкции треба ефективно да го спречат претседателот Путин и неговиот внатрешен круг да ги користат европските слободи и богатство, како и да го спречат просперирањето на нивните пари во нашите банки. Во случај на каква било ескалација, Русија треба да биде отсечена од банкарскиот систем SWIFT.“

„ЕУ треба да има дипломатија и одвраќање во исто време. На Украина и треба противбродско, противвоздушно и противтенковско оружје. Ние би можеле да и помогнеме да се опреми со нив. Треба да ги насочиме парите на Путин во западните банки и даночните раеви кон набавка на оружје за Украина“, додаде Радослав Сикорски, европратеник, шеф на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со САД.

http://