БУЛЕВАРКО: Абе удрени во мозок, ја заболе к*р Русија за вас

Македонија

Булеварко или „Приказни од булеварот“ на социјалната мрежа ФБ, објави реакција на русофилите кои протестираа пред Амбасадата на пријателска Украина. Тој го напиша следново:

„Разбирам да си против наши деца да гинат на фронтовите! Но зошто е собиров пред Украинска амбасада? Зошто протест пред амбасада на држава која го штити својот територијален интегритет?

Абе удрени во мозок! Глејте си интересот на вашата земја и начелото на неменување граници, Илирида уште ви/ ни стои над глава!

Утре некој да сака да анкетира дел од Македонија, ќе ви биде ли убаво вакви лебарки да застанат пред наша амбасада и да дрнкаат зошто сме сакале да се браниме? Македонија, земја делена, и со апетити и понатаму да се дели.

Но мене ме плаши капацитот на луѓе овде кои се дамлосале за интересите на Русија, место за својот двор… Ја заболе к*р Русија за нас и вас… Го осети тоа и Ерменија и Грузија и братска Украина…

Научете бре, интересот наш е неменување на граници и почит на територијален интегритет на сите држави во Европа.