БОГОЈЕСКИ „ЗА“ предлогот од Мицкоски, но со едно големо „НО“

Изјави

Богојески со јасна поддршка на предлогот на ВМРО ДПМНЕ за бришење на околу девет точки од Законот за влада што се однесуваат на техничката влада пред избори или т.н. Пржинска Влада, како крајно непрактично и погубно решение за Македонија.

Секако поддршката се однесува и на барањето на ВМРО ДПМНЕ за предвремено изборно соочување, истакна Богојески.

Сепак Богојески остана со едно НО, односно дава поддршка за укинување на техничката влада договорена во Пржино и враќање на стариот изборен модел и за предлогот на помалите партии за една изборна единица и отворени листи, НО без праг. Потребен е природен изборен праг кој ќе го определуваат граѓаните преку нивниот процент на излезеност на предметните избори, а не праг кој ќе го утврдуваат партиите.

СДСМ се согласуваат за една изборна единица, меѓутоа сега се со променет став за измени на Законот за влада од пред две години, кога екс премиерот Заев и самиот велеше дека Пржинската влада не треба да постои. Категорично се против ваквите измени и против предвремени избори. Тоа е нормално за СДСМ како познати „пишман аџии“ односно ДУИ не им даваат дозвола да се согласат на она на кое и самите инсистирале.

Моделот на Пржинска влада беше воведен за изборите во 2016 година и со него најголемата опозициска партија на 100 дена пред избори добива функции во извршната власт, меѓу кои и две министерски во министерствата за внатрешни работи и труд и социјала, како и три места на дополнителни-заменици министри, што е непотребно и веќе надминато за земјава, смета Богојески.