Еве на што СЕ НАДЕВА ЕРДОГАН!

Политика, Свет

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе отпатува за Украина на почетокот на февруари и дека се надева дека ќе ги собере руските и украинските лидери што е можно поскоро.

„ Се надевам дека мирот ќе завладее во регионот“, рече Ердоган. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вчера изјави дека Москва ги поддржува напорите на која било земја за решавање на ситуацијата во Украина.

Коментирајќи ја поканата на претседателот Ердоган до претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, да дојдат во Турција на разговори, Песков потсети дека главните несогласувања меѓу Москва и Киев во однос на доцнењето на Украина во спроведувањето на договорот од Минск.

„ Доколку нашите турски партнери можат да влијаат на Украинците и да ги охрабрат да ги исполнат претходно постигнатите договори, тоа може само да се поздрави“, посочи Песков.