ВАЖНО: ПОИНАКВА партија на бизнисот и домаќините во Македонија

Македонија, Политика

Дали граѓанската политичка платформа Македонски Концепт денес ќе прерасне во политичка партија „Домаќински концепт“.

македонски концепт

Дознаваме дека за вечерва е закажан состанок на Националниот совет на Македонски концепт, кој ќе донесе одлука дали тоа граѓанско движење ќе прерасне во политичка партија. Планирано било и да се потпише Одлука за формирање на поинаква политичка партија.

Идеологијата и структурата на поинаквата партија во Македонија ќе била уникатна. Имено, за доминантна идеологија се планирал фискалниот конзервативизам, домаќинско работење на силно ограничена влада, најниски даноци, без социјални елементи, без надворешен долг и сл. Едноставно партија на бизнисот и домаќините во земјава. Партија на плаќачите на данок.

Неизвесно е дали и како новата поинаква политичка партија ќе учествва на следните предвремени парламентарни избори, дали самостојно или во коалиција со други политички субјекти.

Структурално новата партија ќе биде уникатно и поинаку организирана од класичните политички партии во земјава, со цел да се обезбеди полна внатрепартиска демократија. Во партијата нема да има класична пирамида и управување, туку засебни тематски Тимови, на чело со Тим лидери и регионални и општински Тимови. Тоа значи партија организирана на основа на професионалната определба и подготвеност на членовите и активисти.

Покрај модерната идеолошка определба во рамките на т.н. фискален конзервативизам, партијата ќе имала и граѓанска национална идеолошка определба базирана на илинденските идеали на најсветлата точка во македонската историја, а тоа е Илинден 1903 година.