ДИМИТРОВ им фрли бомба на Таче и Кирчо, што се случи

Политика

Поранешниот МНР и Вице за Европа Никола Димитров, во моменти на очај поради новата љубов која се роди помеѓу Таче и Кирчо, им фрли бомба, за да ја спречи таа романтика.

Имено, дипломатски извори јавуваат дека Димитров бил човекот кој го мотивирал токму денес изјава да даде поранешниот германски министер, сега пратеник во германскиот парламент Михаел Рот на својот Твитер профил, во која дирекно ќе ја посочи средбата на премиерите Ковачевски и Петков, но со намера да побара признавање на македонското малцинство во Бугарија, со што ќе предизвика провокација и непријатни моменти на пресконференцијата на двајцата премиери.

Но обидот не успеал бидејќи пресконференцијата била прекината од протоколот на македонската влада по поставени само неколку прашања од однапред договорени новинари, без можност да се постави „нарачаното непријатно прашање“.

-Многу е добро што се среќаваат новите премиери на Бугарија и на Северна Македонија. Како што Северна Македонија признава бугарско малцинство, конечно Бугарија мора да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права и да признае македонско малцинство во Бугарија. Во ЕУ ниту една земја не смее да одлучува за јазикот и културата на друга земја“, напиша Рот на Твитер.

Рот во владата на канцеларката Ангела Меркел беше министер за Европа и важи за голем поддржувач на Македонија и нејзинината евроинтеграција.