БРИТАНИЈА со „вооружена порака“ до Русија и Украина

Европа

„Донесовме одлука за снабдување на Украина со лесни противтенковски одбранбени системи“, изјави Валас денеска пред британските парламентарци. Тој го покани својот руски колега да го посети Лондон во следните неколку недели за да разговара за кризата.

Во своето обраќање пред британскиот парламент, Валас рече дека првите системи се веќе испорачани и мал број Британци ќе ги обучуваат Украинците на краток рок. Валас не прецизира колку парчиња од оружјето се испратени, но објасни каква е нивната природа.

„Тоа не е стратешко оружје и не е закана за Русија, туку за употреба во самоодбрана“, нагласил тој.

„Овие системи се со краток дострел, меѓутоа, доколку тенковите влезат во Украина и ја нападнат, тоа оружје ќе биде дел од самоодбраната“, додаде Валас.

„Сегашниот јаз е голем, но не е несовладлив. Се уште се надевам дека дипломатијата ќе надвладее. Изборот е на рускиот претседател Путин“, заклучил тој.