CKAHДАЛ: Шeфoт на бyгapcките атлaнтисти чecтиташе cо иpeдентизам

Балкан

Крајно иредентистички пораки и мапи по повод 30 години од признавањето на независноста на Македонија од страна на Бугарија, објави на неговиот фб профил, претседателот на бугарските атлантисти Момчил Дојчев. Тој не само што објави скандалозна мапа, туку и во објавениот текст отворено заговара уништување на Македонија и Македонците и нивно бугаризирање и ставање во рамки на Бугарија.

Дојчев објави дека пред 30 години на днешниот ден Бугарија ја призна Република Македонија, денес Република Северна Македонија. Во истиот текст, бугарскиот демек атлантист објави за две крила на Бугарите во Македонија, тврдо и меко, кои поддржуваат или не вето за Македонија, но и за тоа дека Бугарија не била окупатор и непријател на Македонија, туку ослободител, а Бугарите не биле Татари, фашисти и окупатори. Дека Македонија има фалсификувана историја, тоа не било држава туку територија Македонија или поточно „Долна“ Бугарија. На сила сме биле создадени од србо – комунистите, а имало лажни споменици на борци против бугарски фашизам кој не постоел.

Ако претседателот на бугарските атлантисти јавно го пишува ова, тогаш што да очекуваме од бугарските антиНАТО и антиЕУ активисти или националисти, особено од проруските болшевици кои се 80% од Бугарите? Дали на истото ќе реагираат македонските атлатистички здруженија и активисти? Дали НАТО ќе реагира на истото? Ова е срам и бламажа за натовска Бугарија.

Според него, тврдото бугарско крило во Македонија не може да им прости на лошите Македонци за злосторствата врз Бугарите, па затоа го поддржува бугарското вето, а мекото бугарско крило во Македонија имале исти цели како тврдите бугарски жртви на македонскиот режим, само што сакале со меко да не побугарчат и сметале дека ветото е штетно и ќе ја насочи Македонија кон Србија.

Објавата на оваа мапа со иредентистички пораки кон Македонија е повеќе од скандал. Во истата Македонија е дел од проширена Бугарија, полна со Бугари, дел од бугарскиот свет, а има и очележани региони низ Грција, Албанија, Косово, Србија, Романија, Унгарија, Турција, кои биле бугарски и населени со Бугари.

Кој бил во право, Дојчев не бил сигурен, но Бугарија морала да покаже тврдост и не смеела да ги затвора очите пред историските факти и да не постави конкретни рокови и да предложи програми за постепено бришење на границите помеѓу “горна”/Мизија/ и “долна”/Западна Румелија, односно Македонија и Бугарија – физички и духовни. Ако тоа го направеле, немало да им простат ниту тврдите ниту меките. Затоа атлантистов барал бугарски и македонски политичари со топки – какви што биле Раковски, Левски, Стамболов и Гоце Делчев! И такви како Жељу Желев и Филип Димитров, Петар Стојанов и Иван Коствов од бугарска страна и Борис Трајковски и Љубчо Георгиевски од македонска страна – завршува демек атлантистот Дојчев.