Скандал: ФФМ го подметна дресот на Албанија

Спорт

Пред неколку денови ФФМ ги промовираше новите дресови за македонската фудбалска репрезентација. Со тие дресови требаше нашите репрезентативци да настапат на европско првенство.

Под притисок на јавноста, ФФМ се повлече и го врати стариот дрес на Македонија. Но скандалот да биде уште поголем, новите дресови на ФФМ се украдени, односно копија од оние на албанската репрезентација.

Дали ќе одговара некој во ФФМ за овој плагијат? Дали зад овој обид се крие некоја политичка агенда? Дали и спортот стана алатка на политиката? Или на големодржавни проекти? Кога ФФМ ќе даде одговор на овие прашања?