
Заев: Сакам да бидам Никола
Премиерот Зоран Заев влезе во филмот на Груевски. Само бледа сенка. Тој вели дека Европа е виновна затоа што чекаме 16 години пред вратите на Европската Унија.
Не си го гледа дворот и мизеријата во која живееме, туку зборува за принципи на ЕУ. Според Заев, сите се виновни, само он не е! Му ветиле, не му исполниле. Па кога нашле таков како него, да потпишува што ќе му кажат, нормално дека нема да му испорачаат.
Тој ја замолува Бугарија да даде поддршка на земјава. А не размислуваше што потпишува со Бојко Борисов. Премиерот порача дека секогаш се добредојдени пријатели кои сакаат да помогнат. Но потенцира дека ова е билатерален проблем и така треба да се решава. Истото го изјавуваше Никола Грувески предходните 11 години.
„Јас едно ќе кажам, Европа е кабаетлија и ни должи. Ни должи многу. Европа е и Бугарија и Грција и сите други членки“, вели Заев.
Која несериозност и непознавање на европските прашања ги покажува премиерот Заев со овие изјави. Оценете сами, граѓаните на Македонија. Го смена името, договори трампа на историја за сегашност и на крај пак ништо не реализира за Македонија.