
MПЦ – OА пpoтив паганcки oбичаи намeтнати oд стpaна вo Maкедонија
Отецот Бобан од Македонската православна црква (МПЦ – ОА) информира дека постои одлука на Скопската епархија, според која свештениците и поповите не смеат да учествуваат на коледарските огнови и да вршат богослужба.
– Вакви огнови ја губат смислата. Литургијата и богослужбата се правилен момент. Коледарските огнови ја губат традицијата. Порано се пееле побожни песни, а денес е сосема различно. Сега гледаме конзумација на алкохол и мрсна храна на ваквите настани во време на строг пост, како и ора и песни кои немаат никаква поврзаност со верата и Бога. Овие не се христијански обичаи и го губат христијанскиот елемент. Сепак верувам дека граѓаните имаат слух, рече отецот Бобан.
Отецот додава дека ова не е традиција, поради тоа што не се чествува насекаде низ Македонија. Свештеното лице исто така информира дека лепчето со паричка не е традиција на Божиќ.
– Увезен е кај нас ваквиот обичај. Лепчето се крши само за Василица, додаде отецот Бобан.