ОПШТИНА ЦЕНТАР реши да почести

СКОПЈЕ

Општина Центар празнично расположена, реши да ги почести своите жители. За време на божиќните празници, на 6 и 7 јануари 2022 година, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните, информираат од ПОЦ.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе продолжи на 8 јануари 2022 година (сабота), со вообичаено работно време.Депото на „Пајак” службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7  за време на празниците.Паркирањето во Општина Центар беше бесплатно за сите граѓани и на 1 јанаури 2022 година, на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ, соопштија од Јавното претпријатие.

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 222 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.  Во периодот од 20.12. до 26.12.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 95 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 127 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.