
Акција за апсење на Бојко Борисов
Дипломатски извори од Софија, долго време најавуваат акција за апсење на Бојко Борисов. Поранешниот премиер на Бугарија е сеуште лидер на партијата ГЕРБ. Таа партија победи на предходните избори, но не успеа да направи влада во Бугарија. Со тоа се отвори можност за спроведување на долго најавуваната акција против нивниот лидер.
Рејтингот на партијата ГЕРБ беше сериозно загрозен од жестиките протести во Софија. Повеќе месеци тие протести го блокираа главниот град на Бугарија. Опозиционата БСП, поранешните владеачки комунисти, не учествуваа во тие протести. Со тоа ја изгубија довербата кај народот. Новата опозиција се роди токму на тој начин. Во Бугарија на политичката сцена, веќе работите сериозно се менуваат.
Дипломатските извори јавуваат за намерата на бугарскиот претседател Румен Радев да направи такво сценарио, каде владата ќе биде под негова контрола. Таа влада да има една приоритетна задача. А тоа е апсење на Бојко Борисов. Тоа сценарио се исполни. Со помош на БСП, политичката опозиција не состави влада. Со тоа се создаде техничка влада на Бугарија, под контрола на Радев. Сите услови за апсење на Борисов се исполнија.
Акцијата е веќе во тек. Во Бугарија е отворена широка истрага за Бојко Борисов. Лично таргет е поранешниот премиер. Се испитуваат сите сознанија за криминал, корупција, закани, злоупотреба на позиција, дури и за нарачани ликвидации. Во рамки на таа акција се вклучени и меѓународни истражни органи. Особено органите на ЕУ, за злоупотреба на финансии од европските фондови. Најавено е обвинение токму од ЕУ, со цел да се покаже дека апсењето на Борисов не е лична пресметка со Радев. Дека зад таа акција не стои политика и таа не е политички реваншизам. Напротив, таа е меѓународна акција за сузбивање на енормната корупција во Бугарија. Најкорумпирана земја во ЕУ.
Информацијата за апсење на Бојко Борисов, ја потврдува самиот тој. Борисов не сокрива дека акцијата е во тек. Напротив ги најавува нејзините резултати. Покрај низа изјави за истрагата, последно тој информира дека размислува да се повлече од листите на ГЕРБ за новите избори. Кампањата е во тек, а Борисов е оневозможен истата да ја раководи. Од ГЕРБ информираат дека целта на таа истрага е да се спречи повторно победа на таа партија.
Не можат да ме поразат на фер избори и сега вие ќе видите што ќе сторат. Дури и ќе ме обвинат за канибализам. Тие продолжуваат да измислуваат, изјави поранешниот премиер на Бугарија и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов.
Тој тоа го изјави за време на состанокот со младинската организација на партијата. Министерот за внатрешни работи Бојко Рашков најави дека има информации од прислушувани разговори за апсење на Борисов.
– Но, ако успеат, ќе ставите портрет од мене овде, се пошегува Борисов.
Бојко Рашков, синоќа објави дека ќе поднесе тужба до обвинителството против Борисов. Министерот рече дека добил информации за закана упатена од Борисов.
Борисов ги отфрли сите обвинувања против него и се фокусираше на скандалот со прислушувањето, кој е главна тема во Бугарија повеќе седмици.