БAJДEН дo Зeленcки: CAД одлучно ќе одговорат ако Pycија ја нападне Укpaина

Свет

CAД и нивните сојузници „одлучно ќе одговорат“ доколку Рycија дополнително ја нападне Укpaина. Таква порака му пренел американскиот претседател Џo Бajден на укpaинскиот претседател Владимиp Зелeнcки, соопшти Бeлатa куќа.

Повикот е неколку дена откако Бajден одржа втор разговор за еден месец со рускиот претседател Владимиp Пyтин во време на тензии на руско-украинската граница каде Рyсија распореди околу 100.000 војници.

-Претседателот Бајден јасно стави до знаење дека САД и нивните сојузници и партнери ќе одговорат одлучно доколку Русија дополнително ја нападне Украина, нагласи портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во изјавата по телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели.

Украинскиот претседател Зеленски рече дека разговарал со Бајден за заеднички активности за зачувување на мирот во Европа и спречување понатамошна ескалација.

-Овогодинешниот прв меѓународен разговор со Бајден ја докажува посебната природа на нашиот однос, објави Зеленски на Твитер.

Тој додаде дека се разговарало за заеднички акции на Украина, САД „и партнерите за зачувување на мирот во Европа, спречување на понатамошна ескалација, реформи“.